Skip to content

XVIII седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион

На ден 13.09.2012год  во 11:00 часот  се одржа XVIII седница на Советот за развој на Скопски плански регион во х. Континентал. Со седницата раководеше Претседателот на Советот на Скопски плански регион г-дин Сокол Митровски. На седницата присуствуваа г-дин Сашо Лазаровски, Заменик Министер за локална самоуправа на Р.М, г-дин Сашо Стефаноски, Државен Секретар во Министерство за локална самоуправа на Р.М., претставници од Регионалната развојна Агенција Козјанско, Р.Словенија и преставници од проекниот одбор за изработка на Стратегијата за туризмoт во СПР.
На одржаната седница се дискутираше околу текот наимплементацијата на тековните проекти кои Центарот ги реализира, како и за новите предложени проекти за кои се очекува да бидат одобрени од Владата на Р.М. и да се започне со нивна имплементација. НА седницата беше презентирана бета верзијата на изработениот ВЕБ Портал согласно имплементацијата на проектот ,,ВЕБ ГИС апликација за следење на програмата за развој на Скопскиот плански регион”, како и Стратегија за развој на Туризмот во Скопски плански регион изработен во соработка со Регионална Развојна Агенција Козјанско од Р. Словенија.

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy