Skip to content

Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта во посета на општина Студеничани и започнувањето на втората фаза од реконструкција на дел од локалниот пат Драчево-мотел Китка

ДАТУМ

април 18, 2012

Категории

На ден 13.04.2012 во 11,00 часот, Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта ја посети општина Студеничани запознавајќи се со тековните работи и проекти кои ги спроведува на терен општината.
Министерот Невзат Бејта, Градоначалникот Фати Исени и Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион Анета Лозаноска присуствуваа на започнувањето на подготвителните активности за реконструкција на локалниот пат Драчево-мотел Китка, односно на втората фаза на реконструкција на локалниот пат на делницата од Горно до Долно Количани во должина од 600м.
Истоврмено, Министерот Невзат Бејта со претставиците од општина Студеничани и Центарот за развој направија увид и на завршената прва фаза од реконструираната делница кај Горно Количани во должина од 1.100м.
За време на посетата, Министерот истакна дека Владата и ресорното министерство ќе помогнат во целосна реализација на Законот за рамномерен регионален развој, и воедно очекува конкретни резултати од заложбите за издвојување еден насто од државната каса за регионите.
„Бруто државниот производ што е предвиден со законот еден насто мора да се дели на регионот. Ако се децентрализираат законите и се децентрализираат средствата,нив не ги менаџира ниту Владата, ниту Министерството за локална самоуправа, туку ќе ги менаџираат центрите по регионите“, појасни Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта.
„Преостанува сега инфраструктурата околу оваа нова делница што е од големо значење за поврзување на девет населени места, во делот на општините Студеничани и Зелениково,и подобрување на инфраструктурата значајна за развој на туризмот“, истакна Анета Лозаноска, Раководител на Центарот за развој на Скопскиот плански регион.
Реконструкцијата на дел од локалниот пат Драчево-мотел Китка е финансирана со средства од Владата на Р. Македонија согласно Програмата за рамномерен регионален развој 2009/2010, во вкупна вредност од околу 9,5 милиони денари. Проектот се реализира од страна на Центарот за развој на Скопски плански регион во партнерство со општините Кисела Вода, Студеничани и Зелениково.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy