На ден 15.02.2012год во 11:00 часот во општина Арачиново се одржи XVI (шеснаесетатта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион.Со седницата раководеше Претседателот на Советот на Скопски плански регион г-дин Сокол Митровски.На седницата присуствуваше и заменик министер за локална самоуправа г-дин Сашо Лазаровски.
На седницата присуствуваа и од Министерство за локална самоуправа на Р.М.Г-дин Елмаз Малиќи, Помошник Раководител на Сектор за одржлив развој на локалната самоуправа, од Министерство за Финансии на Р.М.г-дин Трајко Спасовски, Раководител на сектор за внатрешна ревизија, г-дин Werner DEENEN, Експерт од Кралството Холандија и г-ѓа Светлана Петровска од Таргет Коминикации.
Г-дин Трајко Спасовски, го презентираше проектот ,,Подршка на процесот на децентрализација преку зајакнување на капацитетите за стабилно финансиско управување и внатрешна финансиска контрола на локално ниво ” а г-ѓа Светлана Петровска од Таргет Комуникации ja презентираше драфт верзијата од проектот ,,Предлог студија за мапирање на инвестициските потенцијали во Скопски плански регион”. Раковотелот на Скопски плански г-ѓа Анета Лозаноска ги информираше присутните градоначалници за воспоставување на Деловни инкубатори и Бизнис центри во рамките на Центрите за развој на планските региони.Се разгледуваа и приоритените проекти со кој ќе се аплицира во Бирото за регионален развој за повикот 2012 од МЛС.
[foogallery id=”5686″]
No comment yet, add your voice below!