Skip to content

Средба на претставници на Скопскиот плански регион и Министерството за локална самоуправа

ДАТУМ

јануари 31, 2012

Категории

На 31.01.2012год  во просториите на Скопски саем се одржа средба на преставниците на Центарот за развој на Скопски плански регион и Министерството за локална самоуправа. На средбата присуствуваа претседателот на Скопски плански регион и градоначалник на Ѓорче Петров г-дин Сокол Митревски, директорката на Скопски плански регион г-ѓа Анета Лозаноска и државниот секретар во Министерството за локална самоуправа  г-дин Сашо Стефаноски.
Претседателот на Скопскиот плански регион, г-дин Сокол Митревски, пред денешната средба со државниот секретар воМинистерството за локална самоуправа  г-дин Сашо Стефаноски, посочи дека во овој плански регион има многу рурални општини, но оти финансиските средства што ги добиваат се симболични.
На средбата дел од барањата на Скопскиот плански регион до Министерството за локална самоуправа беа соодветна распределба на финансиски средства од државниот буџет, решение за финансиската конструкција, зголемување на бројот на вработени, сместување на администрацијата во сопствена зграда.
Г-дин Стефаноски информира дека планските региони секоја година аплицира до Министерството со проекти за осовременување на патната инфраструктура, за реконструкција, модернизација и проширување на системите за водоснабдување, за одведување и прочистување на отпадните атмосферски води, унапредување и заштита на животната средина. Како што кажа Стефаноски, Скопски плански лани добил неколку проекти значајни за граѓаните на Град Скопје. Меѓу поважните ја посочи изработената Студија за мапирање и промоција на природното и културно-историското наследство, која, спроед него, првпат ќе ги евидентира и ќе направи база на податоци за сите историски и културни објакети во Скопје, а ќе се изработи и брошура за граѓаните и туристите да добијат податоци со какво богатство располага градот Скопје.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy