Одржана информативна средба помеѓу Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски и Градоначалникот на Град Скопје, г-дин Петре Шилегов. Цел на средбата беше информација за моменталната состојба на Центарот за развој на Скопски плански регион, начинот на негово работење и проектите кои се имплементираат преку него.
Еден од многуте проекти кои ги спроведува Центарот за развој на Скопски плански регион е и проектот ‘’Воспоставување на систем за четиридимензионално следење на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопската котлина’’. Во овој проект покрај Градот Скопје партнери се и општините Гази Баба и Чаир. Во првиот обид за отпочнување на проектот, тендерската постапка е поништена. Во тек е процесот за спроведување на втора постапка за јавна набавка.
Со верба за добра понатамошна соработка помеѓу ЦРСПР и Градот Скопје, Раководителот и Градоначалникот ја завршија кусата средба.
{gallery}novosti/2019/2019.01.11:::0:0{/gallery}
No comment yet, add your voice below!