Skip to content

Во посета на Ѓорче Петров

ДАТУМ

јануари 13, 2019

Категории

Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа состанок со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-дин Александар Наумоски.

На состанокот беа отворени повеќе прашања, соработката на Центарот за развој на Скопски плански регион и општината Ѓорче Петров, за приоритетноста на тековните и на проектите кои ќе следат во текот на 2019-тата.  Разговорот се водеше во насока на проектот ‘’Регулација и уредување на речното корито на река Лепенец од граница на ГУП на Град Скопје до граница на Република Македонија со Република Косово’’ со кој Центарот за развој на Скопски плански регион како носител на истиот поднесе апликација до Бирото за регионален развој/Министерство за локална самоуправа согласно програмата за регионален развој за 2019 година. Партнери кои го поддржуваат овој проект се Градот Скопје и општините: Илинден и Чучер Сандево.

Исто така се отвори идеја за можност на заедничко аплицирање на проекти во рамки на Програмата за прекугранична соработка, финансирана од ЕУ, помеѓу Р.Србија и Р. Македонија.

{gallery}novosti/2019/2019.01.14 1:::0:0{/gallery}}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy