Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа информативен состанок со Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу. Разговарано беше за повеќе актуелни прашања во врска со стратегиите кои ги изготвува центарот, како и стратегиите кои произлегуваат од општината и се однесуваат за општината. Проектите кои ги спроведува Центарот за развој на Скопски плански регион се од значаен придонес за сите општини кои го опфаќаат Скопскиот регион. Општината Чаир може да се пофали со старата Скопска чаршија како објект, која е од особено значење за целиот регион од економски, туристички, регионален, национален аспект.
Во таа насока во присуство на претсавник од општината, г-ѓа Соња Ѓорѓиевска беа разгледани можности за меѓусебна соработка во областа на туризмот. Со голема желба за соработка, предизвикани од моменталните идеи и идеите кои допрва ќе произлегуваат, иницијативи и сл., Центарот за развој на Скопски плански регион е отворен за соработка со Општина Чаир како и со сите останати општини во Скопскиот регион.
{gallery}novosti/2019/2019.01.15 1:::0:0{/gallery}
No comment yet, add your voice below!