Skip to content

Во посета на општина Центар

ДАТУМ

јануари 14, 2019

Категории

Одржана информативна средба помеѓу Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски и Градоначалникот на Општина Центар, г-дин Саша Богдановиќ. Цел на средбата беше информација за моменталните активности на Центарот за развој на Скопски плански регион. Преку програмата за регионален развој за 2019 година, Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со општина Центар аплицираше во Бирото за регионален развој / Министерство за локална самоуправа со проектот “Реконструкција на коловоз на ул. Рилски Конгрес, Локалитет Тасино Чешмиче”. Покрај Општина Центар, партнери во проектот се и Општина Кисела Вода и градот Скопје.

Центарот за развој на Скопски плански регион како носител на повеќе плански документи меѓу која е и Програма за развој на Скопски плански регион која е изработена во 2015 година и е во важност заклучно со 2019 година, оваа година ќе организира работилници за изработка на нова Програма за развој на Скопски плански регион (2020-2024). Голем допринес во изготвувањето на документите кои произлегуваат од центарот имаат директно општините. Како составен дел од средбата беа и проектите за прекугранична соработка со Република Србија и Република Косово, можноста за соработка со амбасадите кои имаат преставништво во Скопје и сл. Општина Центар како голема урбана општина и дел од Скопскиот регион е отворена за понатамошна соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион во реализација на секаков вид проекти.

{gallery}novosti/2019/2019.01.15:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy