Проектот “Реконструкција на локален пат Илинден – Јурумлери” Iва фаза, опфаќа целосна обнова на постоечкиот коловоз во вкупна должина од околу 500 метри, како и уредување на системот за прифаќање и одведување на атмосферските води. Центар за развој на Скопски плански регион го имплементира проектот во партнерство со Општина Илинден и Бирото за регионален развој, со што се реализира инвестиција од значење за целиот регион, односно ќе се подобри сообраќајната поврзаност со соседните општини Петровец и Гази Баба. Денес сите инволвирани страни во проектот направија увид на терен на градежните активности. Со ваквите проекти, Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со општините од регионот ја потврдува својата заложба за унапредување и модернизација на патната инфраструктура, придонесувајќи за поквалитетни и побезбедни услови за одвивање на сообраќајот.
No comment yet, add your voice below!