Skip to content

НОВА ПЕТГОДИШНА РАЗВОЈНА РАМКА НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА СКОПСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН

ДАТУМ

September 21, 2026

Центарот за развој на Скопски плански регион отпочна со подготовка на новата Програма за развој 2027–2031, со првата работилница чија цел беше презентација на резултатите од Евалуацијата на изминатата програма за развој 2021-2026г. врз чија основа ќе бидат втемелени новите насоки и препораки, сублимирани во јасна и заедничка визија за иднината на регионот.
Учеството во овие значајни чекори кои го трасираат развојот на регионот и ја градат иднината врз основа на регистарот на минатото, освен предизвик и задача, првенствено значат чест и доверба за можноста професионално да се придонесе во сите развојни компонетни, кои се дел од регионалниот идентитет.
Во присуство на широк и сеопфатен аудиториум кој ги обедини институциите, општините, граѓанскиот, академскиот и бизнис секторот, се отвори дискусија со која отпочна студиозна, заедничка работа. Врз основа на презентираните резултати се ревидираше среднорочната програма за развој во насока на новиот синергичен концепт, синхронизиран со националната и локалните стратегии.
Планирањето на развојот и креирањето на визијата се предуслов за реализација на мисијата на Центарот за развој на Скопскиот регион, кој се соочува со бројни предизвици за создавање подобри услови за живот, почист амбиент, работа, прогрес и пред се одржливост на се што значи проектно наследство и инвестиција во развојот на регионот кој е движечки мотор за целата држава.
Работилницата ја отвори вд директорката на ЦРСПР, Г-ѓа Розета Арсовска која се обрати со поздрав и благодарност за присуството во овие значајни чекори кои отвораат нова страница и развојна етапа која е плод на заедничка соработка, честитајќи и ја 50-годишнината на општината Гази Баба која постојано му дава поддршка на центарот, како и овој пат, во улога на домаќин на настанот.
Со воведен говор се обрати и Претседателот на Советот за развој на СПР и Градоначалник на Општина Сопиште Г-дин Јане Мицевски, кој го посочи Центарот за двигател на инклузивниот развој, потенцирајќи го значајот на оваа работилница за градење на консензус и доверба на сите засегнати страни, сплотување на руралните заедници со урбаните преку избалансиран развој, повикувајќи ги сите во обликување на иднината со стремеж кон конкретни резултати. Со мотивирачки говор се обрати и градоначалникот на Општина Гази Баба, Г-дин Бобан Стефковски кој ја истакна нераскинливата врска меѓу минатото и иднината кои се предмет на преиспитување. За него, рамномерниот регионален развој е основа и не треба да биде концентриран само на одредени места. Секоја општина, секоја населба и секоја заедница заслужуваат инвестиции, инфраструктура, нови можности и квалитетни јавни услуги, преку стратешко планирање, соработка и конкретни проекти, порачувајќи дека на следниот период треба да му претстои посилна визија, поголеми амбиции и конкретни резултати, под мотото „За регион во кој развојот е можност за сите — а не привилегија за малкумина“.
Работилницата ја водеше консултантот задолжен за изработка на програмата Г-ѓа Светлана Петровска, која согласно Агендата на работилницата, отпочна со Презентација на резултатите од Евалуацијата на изминатата програма, врз основа на која произлегуваат препораките за изработка на новата Програма за развој на Скопскиот плански регион 2027-2031. Истата беше ефективна со конструктивни предлози, плодна дискусија и предочени состојби и искуства во сите пори на регионалниот развој. Заклучокот, по ревизија на успесите и причините за нереализација на одредени активности, го определи идниот фокус на дигитална висока економија, паметна урбана мобилност, трансвер од локални економии кон иновации, смарт земјоделска етапа, подобра социјална инфраструктура за социјална заштита, климатска отпорност и безбедност, паметен и интегриран туризам, иновативен технолошки развој и конкурентност, преку подобар модел за функционално финансирање на програмата.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy