Денес се одржа итна XIX (деветнаесета) седница на Совет за развој на Скопски плански регион. Итноста на седницата проеизлезе како последица на престанок на мандат пред истек поради вршење на работи кои се неспојливи со позицијата-директор на Центарот за развој на Скопски плански регион.
Денес функцијата вршител на должност директор на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, советот ја додели на г-ѓа Розета Арсовска, вработена во центарот на позиција Раководител на одделение за Рамномерен регионален развој и меѓуопштинска соработка.
Голема благодарност до г-дин Јане Мицевски кој до сега успешно го водеше центарот, со честитки и желби за уште поголеми достигнувања од присутните и вработените на ЦРСПР.
А, на новиот в.д. Директор г-ѓа Розета Арсовска и посакуваме продолжување на уште едно успешно поглавје во центарот за развој на Скопски плански регион.
No comment yet, add your voice below!