- Денеска, во Општината Зелениково се одржа 21- та Седница на Советот за развој на Скопски плански регион, на која претседаваше новоизбраниот претседател и градоначалник на општината, Г-дин Коста Маневски.
На седницата освен што едногласно беа усвоени финансовиот и акциониот план на Центар за развој на Скопски плански регион, беше и повторно избран мандат за в.д. Директор на центарот и доделен на Г-ѓа Розета Арсовска во времетрање од 6 месеци.
Со честитки од присутните за в.д директорката за успешно и континуирано раководење на центарот, заврши последната седница на советот за оваа календарска година.
No comment yet, add your voice below!