Центарот за развој на Скопски плански регион, го одржа првиот форум од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој –II фаза“, кој започнува со реализација на нов циклус на Регионални форуми на заедницата. Проектот е подржан од Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) и Министерството за локална самоуправа (МЛС. Целта на регионалните форуми е да се зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на регионално и локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу регионалните и локални субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес за Скопскиот регион.
На првата форумска сесија во рамки на споменатиот проект, беше презентирано номинирањето и приоритизирањето на регионалните проекти за двете форумски програми:
- Грантова шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза, на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка (МЛС и ЦДС) И
- Програма за развој на Скопски плански регион за 2022 со индикативно планирани средства за 2023, (МЛС и Биро за регионален развој – БРР)
Форумот отпочна со поздравен збор и изјава за медиумите од страна на раководителот на Скопски плански регион Г-дин Љупчо Кец Мицковски, кој ја запозна јавноста со целта на програмите. Модераторот Г-ѓа Жаклина Цветковска ги воведе присутните преку презентација со генералните цели, специфичните цели и структурата на проектот по основ на буџетот, како и форумскиот процес, потенцирајќи ги задолжителните компоненти во планираните проекти како и приоритетните теми распоредени во области.
Присутниот аудиториум беше сеопфатен вклучувајќи претставници од граѓанскиот сектор, академскиот сектор, локалните единици – општините и институциите, беше категоризиран и распеределен на тематски маси: „Социјална инклузија и култура“, „Инфраструктура“, „Бизнис сектор“, „Туризам“, „Животна средина“ и „Образование“.
Присутните претставници од сите сектори ги дадоа согласно темите, идејните решенија за предлог проектите и за двете програми, кои беа поздравени и прифатени како одлични и корисни за регионот.
Првата форумска сесија помина со голем интерес, интерактивност, конструктивни прашања и дискусии, добри насоки и низа извонредни идеи од кои произлегоа добри предлог проекти за развој на Скопскиот плански регион.
No comment yet, add your voice below!