Skip to content

II РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ДРАФТ ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ 2027-2031 НА ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА СКОПСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН

ДАТУМ

October 19, 2026

Категории

Центарот за развој на Скопски плански регион ја одржа втората Работилница за презентација на драфт верзијата на новата Програма за развој 2027–2031, чиј домаќин беше општината Карпош.

На работилницата, претставниците од општините, институциите, граѓанскиот, академскиот и бизнис секторот го проследија предложениот Акционен план во кој беа сумирани препораките кои ги доставија учесниците на првата Работилница на која беше презентирана Евалуацијата на претходната програма за развој со цел да се создаде нацрт скица врз која заеднички ќе се дефинира новата развојна платформа. Согласно новата визија, Скопскиот регион е препознаен како високо развиен, дигатилизиран, зелен, чист и безбеден кој транзитира кон индустрии со висока додадена вредност. Во контекст на трудово-социјалниот развој регионот трасира насоки за развиен човечки капитал кој одговара на потребите на пазарот на труд, со повисок степен на родова еднаквост, подобрена здравствена заштита и социјална инклузија. Во насока на Животната средина останува фокусот на подобрување на квалитетот на животот во Скопскиот регион во сите сегменти, со учество и придонес во зелената транзиција. Меѓу стратешките цели во рамки на развојот на туристичката индустрија во регионот беше презентирана среднорочна цел „ЕКО ТУРИЗАМ Скопје 365“ која отвори низа прашања и поширока дискусија. Сумирано, од сите извлечени и интегрирани приоритети и предлог мерки во Акциониот план, преку заедничко толкување низ конструктивна дискусија продолжува да се филтрира новата програма на чија финална верзија и претстои усвојување и официјална промоција.

Центарот за развој на Скопски плански регион повторно ги поврза сите ентитети и чинители на заедничка „маса“ во плановите за изградба на подобра иднина, а одзивот, учеството и високата проактивност, беа показател на вистинско регионално заедништво.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy