Skip to content

Одржана четврта интернационална ПАДРИОН средба „Дигитални алатки, локални распоредувања и одржливост“ во ПОДГОРИЦА, ЦРНА ГОРА, 23-24 април, 2026 година

Центарот за развој на Скопски плански регион, учествуваше на 4-та работна средба за  спроведување на проектот ПАДРИОН, организирана во Подгорица, Црна Гора, на која се состанаа сите проектни партнери од земјите учеснички во рамки на Јонско-Јадранскиот регион. Целта беше секој од кластерите, меѓу кои и кластерот ЦРСПР – Македонија и Пјаченца, Италија да ја претстават деталната состојба на развојот на заедничките дигитални алатки, усогласена со очекуваниот напредок кон функционални прототипови кои понатаму ќе се пилотираат. Во агендата беа вклучени и хибридни работилници за градење капацитети преку вежбата – „Работилница за работилницата“ со фокус на  комуникациските активности. Беа зададени насоки за спроведување на локалните планови за споделување на заедничкиот пристап и практични насоки за нивниот развој  како и  заеднички акционен план на PADRION и упатства за долгорочна одржливост на проектот. Интернационалната работна средба студиозно ги скицираше развојните фази на ПАДРИОН, зададе јасна динамика за претстојната етапа на активности и уште еднаш ги обеднини земјите учеснички во пријателска атмосвера, преку топлото гостопримство од страна на домаќинот, во чија организација беа посетени Вир Пазар и Скадарското езеро, како дел од атрибутите кои ја красат Црна Гора.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy