Денеска се одржа првата седница на Советот за развој на Скопски плански регион, која беше од исклучитено значење заради присуството на релевентните институции и ентитети со чие излагање се утврдија капацитетите, предизвиците и реализираните проекти на Центарот за развој на Скопски плански регион како двигател на регионалниот развој.
На седницата присуствуваа Г-дин Златко Перински, Министер за локална самоуправа при матичното министерство, Г-дин Амет Имери, Директор на Бирото за регионален развој, претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање, како и Г-ѓа Марина Илиќ, Консултант во конзорциумот Louis Berger D.O.O Белград и конзорционите партнери FICHTNER GmbH &Co.KG; PLANET S.A.; and ENOVA d.o.o. Сараево која одржа презентација на проектот „ЕУ поддршка за воспоставување на регионален систем за правување со отпад во Скопски регион“. На седницата учествуваа мнозинство градоначалници од регионот, кои заеднички одлучуваат за прашањата кои се од значење за регионалниот развој, а беа усвоени предлог-одлуките за утврдување на годишна листа на предлог-проекти за равој на Скопски плански регион за 2026год и годишна листа на предлог-проекти за равој на специфични развојни потреби, кои треба да придонесат за подобра инфраструктура, економски развој и поквалитетен живот за граѓаните.
На седницата беа усвоени завршните сметки на реализираните проекти од кои два од проектите беа примопредадени во владение на општините кои се крајни корисници и преку Годишен Извештај за 2025 година беше отчетно презентирана работата на центарот од страна на в.д Директорката Г-ѓа Розета Арсовска и од страна на Претседателот на советот за развој Г-дин Јане Мицевски, Градоначалник на Општина Сопиште.
Содржински богатата Седница заврши со заклучок дека потребна е соработка, поддршка и одговорно постапување на општините кон центарот кој се справува со низа предизвици во регионот кој е најразвиен во државата, но и најкомплексен. Тоа е разултат на големиот број општини кои го сочинуваат, нивната специфичност и потреба за избалансиран развој, градот Скопје како конгломерат и економската концентрација, и затоа е потребно планирање, силна координација, стратешка синергија и активна соработка на локалната и централната власт, при дефинирање на идните чекори и проекти.
No comment yet, add your voice below!