Skip to content

“ШАНСА ЗА ТЕБЕ”, од ИПА II Програмата за прекугранична соработка Србија и Македонија

ДАТУМ

мај 9, 2024

Категории

Денеска, во рамки на проектот “ШАНСА ЗА ТЕБЕ”, од ИПА  II Програмата за прекугранична соработка Србија и Македонија, Центарот за развој на Скопски плански регион ја отпочна дво-дневната “Едукативна работилница за градење на капацитети на организации и центри за стручно образование и обука за развој и акредитација на програми за вештини и усовршување во Р.Македонија” која е наменета за менаџментот на мали и средни компании и центрите за обука и стручно образование. На оваа мошне корисна и потребна работилница компаниите имаат можност односно “шанса за себе” да се запознаат со постапката како да верифицираат програми кои им се потребни за јакнење на капацитетите и подобро профилирање на стручната работна сила која им е потребна. Вториот ден од работилницата продолжува во текот на утрешниот ден на кој ќе биде опфатена подготовката на документи за верификација на организациите (ВЕТ центри) и студија на случај, во делот на заокружување на постапката која е актуелна и повеќе од потребна тема за предизвиците на компаниите кои планираат верификација и преку неа развој и прогрес на својата компанија.  

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy