Од 20 – 24 февруари 2023 г. в.д. директорката на Центарот за развој на Скопски плански регион, Розета Арсовска, претставниците на општините Центар, Гази Баба и Илинден и претставник на јавното претпријатие ДРИCЛА, се на Студиска посета на Капанори регионот, Италија.
На средбата со градоначалникот на општината Капанори, г-от Лука Менезини, учесниците подетално се запознаа со пристапот на општината Капанори во управувањето со отпадот и примената на циркуларната економија, а со цел да се поддржи локалната економија.
За време на Студиската посета учесниците ќе ги посетат Центрите за повторна употреба и поправка на отпадот (WRRC) и Центaрoт за рециклирање , и ќе се запознаат со видот на можни партнерства, модели на одржлив пазар и видови отпад што може да се третираат и како сето тоа да се стави во функција на доброто за општината и граѓаните.
Студиската посета се реализира во рамките на проектот “Управување со отпад и развој на локалната економија“, финансиран од страна на Инструментот за техичка подршка на ЕУ – ТАИЕКС на локално ниво – TAIEX Strategic Support to Local Authorities, подржан од Секретаријатот за Европски прашања (СЕП), а имплементиран од Центарот за развој на Скопски плански регион.
No comment yet, add your voice below!