Skip to content

Одржана XXIV (двaесет и четвртта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

ДАТУМ

јуни 16, 2021

Категории

Денес во присуство на мнозинство градоначалници од Скопскиот регион на онлајн платформата ЗУМ се одржа XXIV (двaесет и четвртта) седница по ред на Советот за развој на Скопски плански регион. Со детално разгледување и едногласно одлучување од страна на присутните дневниот ред беше во целост одобрен и усвоен и тоа: – Информација за аплицирана концептна апликација за повикот: Програма за погранична соработка Косово – Република Северна Македонија под ИПА II 2017 и 2018; – Информација за аплицирани целосни апликации во програмата ЕРАЗМУС+програма КА220 Партнерства за соработка во стручното образование и обука – Информација за поднесена апликација во Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство – Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој. – Информација за општинско корисна работа од аспект на ангажирање на образовни асистенти во средно образование -УНДП – Информација за Основачи акт на ЦРСПР – Усвојување на Деловник за работа на Советот на СПР – Усвојување одлука за кофинансирање на работите на ЦРСПР – Преотстапување на објект:”Реконструкција на пристапен пат до месноста викана Аџево” во владение на Општина Кисела Вода. Повеќето од информациите беа пренесени од страна на тимот вработен во Центарот за развој на Скопски плански регион. По основ на точката поврзана за општинско корисна работа од аспект на ангажирање на образовни асистенти во средно образование на покана на Центарот за развој на Скопски плански, во куса презентација, придонес дадоа преставници од канцеларијата на УНДП, Г-ѓа Зарина Рамиќевиќ , Г-ѓа Снежана Мирчевска Дамјановска.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy