На ден 14.12.2020 година со почеток во 12ч. се одржа ХХ (дваесеттата) онлајн Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.
Седницата се одвиваше согласно дневниот ред:
- Усвојување на Дневен ред на Седницата.
- Усвојување на записник од XIX (деветнаесетта) Седница на Совет за развој на Скопски плански регион.
- Предлог – Одлука за утврдување на приоритетна листа на проекти за аплицирање до МЛС/Биро за регионален развој
- Информација за странска инвестиција во врска со склучен Меморандум за соработка помеѓу ЦРСПР и МАТТО.
- Предлог – Одлука за носење на внатрешни документи, процедури и политики
- Кодекс на етика
- Политика за спречување перење пари и финансирање на тероризам
- Политика за нула толеранција за измама
- Политика за еднакви можности
- Политика за спречување на корупција и судир на интереси
- Политика за животна средина и социјални аспекти
- Процедура за спроведување на јавни набавки
- Информација за Програмата за развој на Скопски плански регион 2020/2024.
- Одлука за преотстапување на објект:,,Спорт за сите, здравје за сите!-Изградба на иновативно мултифункционално игралиште во Општина Сарај, с.Кодново”
- Разно.
На седницата присуствуваа градоначалниците од Скопскиот регион, г-дин Шахпас Молалиев, МАТТО и претставник од компанијата УЛКЕР ОКЕАН, г-дин Дарко Трајковски.
[foogallery id=”7876″]
No comment yet, add your voice below!