Центарот за развој на Скопски плански регион, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој го реализираат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, започнува со реализација на активноста “Развивање капацитети за социјална инклузија во регионалниот развој“. Активноста има за цел да ги зајакне капацитетите за идентификација, подготовка и имплементирање на регионалните развојни проекти особено во однос на ранливите и социјално исклучените групи во општеството.
За таа цел во хотел Арка се Одржа работилница за поврзување на заедницата за зајакната социјална инклузивност во регионалниот развој. На работилницата преку презентација на локален експерт беше претставен начинот на изработка на социјално инклузивни проекти за регионален развој, што се треба да содржи, поврзаноста на социјалната инклузија и регионалниот развој како и локалната и регулативата на Европска Унија и сл.
Во рамки на овој настан, на вработените од центарот за развој на Скопски плански регион им беа врачени сертификати за реализирана обука на тема: “Развивање капацитети за социјална инклузија во регионалниот развој“.
Одржана работилница за поврзување на заедницата за зајакната социјална инклузивност во регионалниот развој
ДАТУМ
септември 29, 2020
Категории
Споделeте:
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram
No comment yet, add your voice below!