Центарот за развој на Скопски плански регион во месец август го реализираше проектот “од Реконструкција на регионален пат од с.Орман (Општина Ѓ.Петров) до Општина Чучер Сандево”. Проектот е финансиран Министерство за локална самоуправа/Биро за регионален развој од Програмата за развој на планските региони за 2020год, а кофинансиран од општина Ѓорче Петров. Партнери на проектот се општините: Ѓорче Петров, Чучер Сандево и Шуто Оризари.
Целта на проектот е подобрување на условите за социо-економскиот развој и квалитетот на животот на жителите на Општина Ѓорче Петров- с.Орман, Чучер Сандево и Шуто Оризари со што ќе се овозможи непречено функционирање на општините со градот Скопје и Скопскиот регион. Создавање услови за рамномерен развој и намалување на диспаритетите помеѓу урбаните и руралните средини во општините со седиште во град, а воедно и превенција на понатамошна миграција на локалното население на релација село-град. Патот кој се реконструеираше е во должина од Л=480м.
Имплементатор на проектот е Центарот за развој на Скопски плански регион, а вкупниот буџет на проектот изнесува 3.521.013,00мкд.
[foogallery id=”7129″]
Реконструкција на регионален пат од с.Орман (Општина Ѓ.Петров) до Општина Чучер Сандево
ДАТУМ
август 30, 2020
Категории
Споделeте:
Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram
No comment yet, add your voice below!