Центарот за развој на Скопскиот плански регион Ве поканува на 4-та (последователна) форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, во рамки на проектот„Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој“, што ќе се одржи на 27.01.2020 година, во хотел„Холидеј Ин“, со почеток во 10,30 часот.
На последователната сесија ќе биде даден преглед на форумскиот процес и имплементацијата на проектот „Изградба на инклузивно детско игралиште“ во општина Карпош, кој доби најголема поддршка од страна на учесниците на Регионалниот форум. Истовремено, ќе биде дадена информација и за реализацијата на препораките, кои како предлог концепти беа развиени во рамките на форумскиот процес.
Спроведувач на проектот е Центарот за развој на Скопскиот плански регион, со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа на РСМ.
Партнер во реализацијата на проектот „Инклузивно детско игралиште“ е општина Карпош.
Програмата „Регионални форуми во заедницата“ има за цел да обезбеди широко партиципативно граѓанско учество во носењето одлуки на локално и регионално ниво, во процесот за рамномерен регионален развој.
No comment yet, add your voice below!