Skip to content

Четврта сесија во рамките на Програмата „РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“

ДАТУМ

јануари 28, 2020

Категории

Центарот за развој на Скопскиот плански регион успешно го реализираше проектот „Инклузивно детско игралиште“ за деца со посебни потреби во општина Карпош. Проектот е финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и кофинасиран од општината Карпош со вкупно средства од 2.647.619,00 МКД. Овој проект произлезе како резултат на проектната активност “Регионалните форуми на заедницата“. „Регионалните форуми на заедницата“ претставуваа структуиран инструмент за граѓанско учество во развојот на заедницата како и во локалното управување. Со овој инструмент, граѓаните имаа можност да ги изразат своите потреби, проблеми и приоритети и да земат активно учествуво во донесувањеето на одлуките во нивните општини и плански регион. Заедничката акција на сите нивоа и учество на сите чинители, без разлика на пол, возраст, етничка или верска припадност, беа предуслов за генерирање на поодржливи решенија во општеството. Проектот “Инклузивно детско игралиште“ претставува пресликување на процесот на инклузијата во реалност преку создавање на сигурна и стимулативна заедница за прифаќање и соработка, создавање на простор каде децата со посебни потреби ќе се чувствуваат пријатно и слободно и директно ќе може да комуницираат со останатите деца со и без попреченост. Со оваа игралиште Скопскиот плански регион и општината Карпош создадоа место каде децата го осознаваат инклузивниот процес и ги отфрлат непотребните предрасуди кои се присутни помеѓу нив. Место каде децата може да ги развиваат физичките, когнитивните, сетилните и социјалните вештини. Инклузивниот дизајн на игралиштето вклучува баланс на искуства преку игра за градење на сите овие вештини, а истовремено промовираајќи позитивни социјални активности меѓу нив изјави Раководителот на Ценатр за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски во воведното обраќање до присутните. Проектот е во согласност со националните стрешки документи и стартешките документи на ЦРСПР, во кои изграденоста на техничката и социјална инфраструкура е еден од наведените приоритети, а особено инклузивноста и интеграцијата на децата со посебни потреби и создавањето на еднакви можности за сите. Преку имплементација на проектот Општина Карпош се здоби со прво игралиште од ваков тип, но не само за своите жители, бидејќи преку стратешки одбрана локација, инклузивното игралиште ќе биде идеално за користење од страна на сите жители на Град Скопје. Проблемот со кои се соочуваат децата со попреченост во Карпош, но и во Градот Скопје е недостигот на детско инклузивно игралиште каде што децата со хендикеп ќе имаат еднаква можност да уживаат во детството со нивните врсници. Сведоци сме дека токму овие деца имаат само 1-2 вакви игралишта на целата наша територија, кои се реално многу малку  за да можат квалитетно да го поминат нивното слободно време и да излезат со цел физички да се активираат. Преку активности и дружење да се надминат стереотипите и да се овозможи поголема социјална инклузија на децата со посебни потреби. Поради тоа  со реализацијата на проектот се овозможи реконструкција на  површина од 450м2 на плоштадот Делфина – општина Карпош за да добиеме  современо Инклузивното детско игралиште за сите деца. Изведбата на игралиштето предизвика огромен интерес кај сите децата од општината но исто така и кај родителите на децата со посебни потреби кои нестрпливо го очекуваа завршувањето на истото. Денес, не толку долго по отварањето и пуштањето на Игралиштето Очекувани резултати се исполнуват со:
  • Зголемен број на деца со посебни потреби кои го користат игралиштето
  • Подобрени физички, когнитивни и социјални вештини кај сите деца
  • Зголемен број на заеднички актвности помеѓу децата
  • Унапредување и зајакнување на заедницата , во кусата презентација истакна г-ѓа Розета Арсовска, координатор за регионален развој во Центарот за развој на Скопски плански регион.
Како дел од работниот тим, целосно бевме вклучени во имплементацијата на проектот од негово започнување, па се до реализација. Интересот за користење на игралиштето е голем како од жителите на Општина Карпош, така и од жителите на нашата соседна Општина Ѓорче. Иако фати касна есен сепак посетеноста беше повеќе од очекувана и се надеваме дека ќе продолжи со тој интензитет и во пролетниот период од годината. Целата имплементација на овој проект би ја оценила за успешна и се надеваме на уште вакви успешни приказни во иднина. Благодарност до Центарот за развој на скопски плански регион, Швајцарската агенција за соработка и развој, Министерството за локална самоуправа и сите претставници од општините и невладиниот сектор кои активно беа вклучени во предходните форуми и придонесоа во реализацијата на овој проект, истакна г-ѓа Александра Теова, претставник од Општина Карпош. Центарот за развој на Скопски плански регион во следниот циклус на форуми кои треба да започне почетокот на месец фебруари, очекува уште поголем придонес на квалитетни и иновативни проекти кои ќе бидат во согласност со приоритетите и потребите на граѓанте на Скопски регион, додаде Раководителот на Ценатрот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски и им посака успешна работа на присутните.

Галерија

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy