Центарот за развој на Скопскиот плански регион Ве поканува на третата сесија од Регионалниот форум во заедницата , што се организира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.
Третата форумска сесија ќе се одржи на 28 февруари(четврток), во хотел „Холидеј Ин“, со почеток во 10,00 часот.
Целта на третата сесија е да се изберат најприоритетните проекти, кои од страна на учесниците беа идентификувани како проектни идеи, од што ќе произлезе имплементација на еден регионален проект во вредност од 60.631 швајцарски франци, а останатите ќе станат дел од приоритетите на Програмата за развој на Скопскиот плански регион.
Регионалниот форум во заедницата е програма , која има за цел вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки и зголемување на транспарентноста и одговорноста на општините и регионот.
ГРАЃАНИТЕ ОДЛУЧУВААТ!
ПОГРИЖИ СЕ И ТИ ЗА НАШАТА ИДНИНА!
УЧЕСТВУВАЈ!
No comment yet, add your voice below!