На ден 28.02.2019 во хотел Холидај Ин , Центарот за развој на Скопски плански регион го организираше третиот Регионален форум на заедницата во рамките на проектот “ Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, кој се реализира со финансиска поддршка на Швајцарската конфедерација, преставувана од Амбасадата на Швацарија во РМ, Швајцарска Агенција за развој и Министерството за локална самоуправа на РМ.
На настанот присуствуваа претставници од втората сесија на форумот со предлог проекти кои беа предложени од сите заинтересирани страни: општини, бизнис сектор, граѓански сектор, образовни институции, граѓани и други чинители.
Во насока на критериумите за избор на проритетните теми на втората сесија беа одобрени 7 концепти од следните области: заштита на животна средина, социјална инклузија, општинска администрација, бизнис сектор, туризам, култура, урбанизам.
Во рамките на приоритетните области , пред присустните беа презентирани сите 7 концепти при што за секој предлог-концепт се разви дискусија, во насока дали предлогот ги почитува критериумите и во рамките на финансискиот праг предложен од донаторите со цел за негова имплементација.
Центарот за развој на Скопски плански регион , со гласање од присутните издвои 3 предлог проекти од “Форумот на заедницата”.
[foogallery id=”3286″]
Трет регионален форум на заедницата во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”
ДАТУМ
февруари 28, 2019
Категории
Споделeте:
Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram
No comment yet, add your voice below!