Skip to content

Во посета на општина Петровец

ДАТУМ

јануари 17, 2019

Категории

Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа информативен состанок со Градоначалникот на Општина Петровец г-дин Борче Митевски. Се разговараше за потребите и работата на општината, за меѓусебната соработка со  Центарот за развој на Скопски плански регион, за идни и постоечки проекти кои обезбедуваат можности до поголем развој на општината.

Во 2014 годна преку Центарот за развој на Скопски плански регион изработен е проектот ”Изработка на Студија за ревалоризација на природните вредности на споменикот на природата Катлановски Предел“. Во понатамошниот период имаше идеа за уредување на делот Катлановски Предел, околу Катлановска бања. Општината е во голем подем, се разговараше околу урбанистичките планови, индустриски зони (Ќојлија, Р’жаничино, Долно коњаре, Средно коњаре), за градбите во Катланово. Од особено значење за општината  исто така е и изградбата на италијанската општа болница Еуроиталиа.

Центарот за развој на Скопски плански регион е носител на повеќе плански документи меѓу кои и  Програма за развој на Скопски плански регион 2015-2019, која оваа година ќе се обнови за периодот 2020-2024година. За таа цел Општина Петровец како и останатите општини од Скопскиот регион се очекува да се вклучат и да дадат голем придонес во обновувањето на истата која ќе се спроведе преку дискусии кои ќе произлезат на работилниците кои следат.

{gallery}novosti/2019/2019.01.18:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy