Skip to content

Во посета на општина Зелениково

ДАТУМ

јануари 20, 2019

Категории

Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа состанок со градоначалникот на Општина Зелениково, г-дин Борче Гиевски.

На состанокот беа отворени повеќе прашања, соработката на Центарот за развој на Скопски плански регион и општината Зелениково, за приоритетноста на тековните и на проектите кои ќе следат во текот на 2019-тата.  Разговорот се водеше во насока на проектот ‘’Изградба на плоштад Јустинијан I’’ со кој Центарот за развој на Скопски плански регион како носител на истиот поднесе апликација Агенцјата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој со мерката ПРР 322.

Во изминатиот период Општина Зелениково преку Центарот за развој на Скопски плански регион била вклучена во повеќе проекти.

Центарот за развој на Скопски плански регион кој е носител на Програмата за развој на Скопски плански регион 2015-2019, оваа година ќе организира работилници за изработка на нова Програма за развој на Скопски плански регион која ќе трае во период од 2020-2024 година каде директно ќе ги вклучи општините кои ќе имаат можност за нивни придонес во изработката на истата.

Центарот за развој на Скопски плански регион е отворен за понатамошна соработка со Општина Зелениково како и со сите останати општини кои се дел Скопскиот регион.

{gallery}novosti/2019/2019.01.21:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy