Skip to content

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА – Дејан Павлески, Заменик министер

ДАТУМ

јануари 16, 2019

Категории

Одржан состанок помеѓу Рководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски и заменик- министерот на министертсвото за локална самоуправа, г-дин Дејан Павелски. Тема на дискусија беа повеќе точки поврзани со работењето на центарот и тоа: проектите кои се започнати според Прогамата за регионален развој за 2018 година, тековните проекти кои се дел од Програмата за регионален развој за 2019 година, проекти со кој Центарот за развој на Скопски плански регион аплицираше во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој со мерките ПРР 321,322,323, проекти кои се аплицирани преку Програмата за капитални субвенции за развој на планскире региони во областа на земјоделството и руралниот развој при Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, повикот за прекугранична соработка со Република Србија, соработката со оштините и сл.

Програмата за развој на планските региони која оваа година ќе се обнови за период 2020-2024, продолжува да биде алатката за разрешување на предизвиците од локалните влијанија на политиките кои се однесуваат на подобрувањето на квалитетот на животот, заштитата и искористувањето на природното и културното наследство, и зајакнувањето на економската, социјалната и територијалната кохезија. Основната идеја е дека подобрата вертикална и хоризонтална координација на националните и локалните политики и спроведувањето на интегрирани развојни проекти прилагодени на локалните потреби и услови ќе доведе до поизбалансиран, територијало насочен локален развој. Програмата е фокусирана, пред сè, на поддршка на политиките за: развој на локалната економија заснован на знаење, намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, заштитата на животната средина и промовирање на одржливиот локален развој. Воедно, со неа се потенцира потребата од натамошното зајакнување на капацитетите на локалните власти и институции, како значаен фактор во остварувањето на националните приоритети и цели и во исполнувањето на стандардите за во ЕУ.

Голема е поддршката на министертсвото за локална самоуправа во развојот на центрите за развој на планските региони.

{gallery}novosti/2019/2019.01.17 1:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy