Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа состанок со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-дин Александар Наумоски.
На состанокот беа отворени повеќе прашања, соработката на Центарот за развој на Скопски плански регион и општината Ѓорче Петров, за приоритетноста на тековните и на проектите кои ќе следат во текот на 2019-тата. Разговорот се водеше во насока на проектот ‘’Регулација и уредување на речното корито на река Лепенец од граница на ГУП на Град Скопје до граница на Република Македонија со Република Косово’’ со кој Центарот за развој на Скопски плански регион како носител на истиот поднесе апликација до Бирото за регионален развој/Министерство за локална самоуправа согласно програмата за регионален развој за 2019 година. Партнери кои го поддржуваат овој проект се Градот Скопје и општините: Илинден и Чучер Сандево.
Исто така се отвори идеја за можност на заедничко аплицирање на проекти во рамки на Програмата за прекугранична соработка, финансирана од ЕУ, помеѓу Р.Србија и Р. Македонија.
{gallery}novosti/2019/2019.01.14 1:::0:0{/gallery}}
No comment yet, add your voice below!