Во очекување на објавувањето на Јавен повик од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година за Мерките 321, 322 и 323, Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со Агенција за финасика подрашка во земјоделство и рураниот развој на Р.М на ден 20.06.2018 година одржа Работилница во хотел Континентал. На работилницата присуствуваа претставници од општините во Скопскиот регион.
Целта на Работилицата беше подетално запознавање на идните корисници за условите и начинот на аплицирање за престојниот јавен повик. Се дискутираше за мерките и тоа:
- 321 – Подобрување на квалитетот на живот во рурални средини
- 322 – Обнова и развој на селата и
- 323 – Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.
[foogallery id=”3821″]
No comment yet, add your voice below!