Skip to content

Одржана V (петта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион, на 29.05.2018

Во просториите на Општина Кисела Вода на 29.05.2018 се одржа петтата Седница на Советот за развој на Скопски плански регион. На Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион, Градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски и раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска. На седницата присуствуваа градоначалниците од Скопскиот регион.
На Седницата беше презентиран реализираниот проект “Изведба на електрична инсталација во пештерата ,, Врело кањон Матка” финансирaни од страна на МЛС/БРР 2017 година.
Со цел подобрување на туристичката понуда и претставување на нови туристички атракции во Скопски плански регион, Директорот на Агецијата за подршка и промоција на туризмот во Р.Македонија, г-дин Љупчо Јаневски направи презентација со отворените можности и активности кои ги презема Агенцијата во насока на поттикнување на зголемен прилив на туристи во Скопскиот Регион.
На Седницата беше презентирана информација за пристап до грантова шема – Поддршка на Центрите за развој на планските региони за спроведување на грантовата шема (2018-2020) во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” за аплицирање со регионални предлог проекти и нивно финансирање од страна Министерство за локална самоуправа- МЛС и Швајцарска агенција за развој – (СДЦ).
[foogallery id=”3858″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy