Со објавувањето на Вториот јавен повик за изразување на интерес за “Инвестиции на подгрантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзување во дестинациите”, кој е објавен од страна на Единицата за спроведување на проектот за “Локална и регионална конкурентност (ПЛРК), а финансиран од страна на Европска унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПАII), Центарот за развој на Скопски плански регион организираше работилница на која беа поканети претставници од општините на Скопскиот регион.
Целта на оваа работилница е согледување на потребите и приоритетите на општините во Скопскиот регион, со цел да се изнајдат најконкурентните и најсоодветните проекти со кои општините во партнерство со Центарот за развој на Скопски плански регион ќе можат да аплицираат на повикот, a од чии резултати би произлегла придобивка за целиот Скопски регион.
Главна цел на Проектот за локална и регионална конкурентност е да се зајакне придонесот на туризмот и локалниот економски развој и да се унапредат капацитетите на Владата и државните институции со цел да се поттикне развојот на туризмот и да се олесни управувањето со дестинации.
По презентацијата се разви дискусија и предлози за можни проекти со кои би можело да се аплицира.
Во прилог линк за повикот: http://www.lrcp.mk
[foogallery id=”3911″]
Одржана работилница за Вториот јавен повик „Локална и регионална конкурентност“ (ПЛРК)
ДАТУМ
март 19, 2018
Категории
Споделeте:
Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram
No comment yet, add your voice below!