Skip to content

Одржана IV (четврта) Седница на Советот за развој на Скопски Плански регион

На ден 23.02.2018 година во просториите на Град Скопје се одржа четвртата Седница на Советот за развој на Скопски Плански регион. На Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион, Градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски и раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска. На седницата присуствуваа градоначалниците од Скопскиот регион.
На седницата беше презентиран проектот SAMCODE за ефикасно управување со градежен отпад во СПР и беше презентирана информација за завршен ИПА проект за “Изработка на неопходна документација за воспоставување на интегриран финанасиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски плански регион”, по што се отвори дискусија помеѓу присутните.
На Седницата беше усвоена одлуката за избор на Претседател на меѓуопштински одбор за управување со отпад и одлука за избор на технички лица во рамките на меѓуопштинскиот одбор. Дополнително се усвоија и Годишниот работен и финансиски извештај за работењето на Центарот за развој на Скопски плански регион и Извештајот за реализација на Програмата за развој на СПР за 2017 година.
[foogallery id=”3936″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy