На ден 27.12.2017 во Општина Гази Баба – салата за состаноци се одржа III (Трета) Седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион. Со Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Скопскиот плански регион, Градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски и раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска.
На седницата присуствуваа градоначалници од Скопскиот регион и овластени претставници од општините.
Согласно дневниот ред на Седницата, г-ѓа Ана Каранфилова Мазнева, претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ, го презентираше завршниот ИПА проект “Изработка на неопходна документација за воспоставување на интегриран финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот плански регион“, по што се отвори дискусија помеѓу присутните.
Како гостин презентер присуствуваше и г-ѓа Соња Кушовска Трајковска која се обрати до присутните со презентација на тема: ‘’Градење на здрава средина’’.
На седницата исто така беа усвоени и:
- Акциониот план за реализација на Програмата за развој на СПР за 2018 год. и
- Финансискиот план за 2018 год за тековно работење на ЦРСПР.
[foogallery id=”4269″]
No comment yet, add your voice below!