На ден 27.11.2017 година во просториите на Стопанска комора на Македонија се одржа Конститутивна Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.
Седницата ја отвори и со неа раководеше Градоначалникот на општина Гази Баба, Г-дин Борис Георгиевски. На седницата присуствуваа Градоначалниците од Скопскиот регион, заменик Министерот за локална самоуправа Г-дин Дејан Павлевски како и Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Г-дин Кирил Парталов.
На седницата беа верификувани мандатите на членовите на Советот за развој на Скопски плански регион и беше донесена одлука за формирање на Совет на Скопски плански регион. На Конститутивната седница за Претседател на Советот на Скопскиот плански регион едногласно беше избран Градоначалникот на општина Гази Баба Г-дин Борис Георгиевски.
Мандатот на Претседателот е во времетраење од 2 (две) години, со право на повторен избор.
[foogallery id=”4392″]
No comment yet, add your voice below!