Skip to content

Конститутивна Седница на Советот за развој на Скопски плански регион

ДАТУМ

ноември 28, 2017

Категории

На ден 27.11.2017 година во просториите на Стопанска комора на Македонија се одржа Конститутивна Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.
Седницата ја отвори и со неа раководеше Градоначалникот на општина Гази Баба, Г-дин Борис Георгиевски. На седницата присуствуваа  Градоначалниците од Скопскиот регион, заменик Министерот за локална самоуправа Г-дин Дејан Павлевски како и Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Г-дин Кирил Парталов.
На седницата беа верификувани мандатите на членовите на Советот за развој на Скопски плански регион и беше донесена одлука за формирање на Совет на Скопски плански регион. На Конститутивната седница за Претседател на Советот на Скопскиот плански регион едногласно беше избран Градоначалникот на општина Гази Баба Г-дин Борис Георгиевски.
Мандатот на Претседателот е во времетраење од 2 (две) години, со право на повторен избор.
[foogallery id=”4392″]

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy