Skip to content

Рекoнструкција на дел од пристапен пат до рекреативен центар ‘’Теферич’’ – Фаза 2

ДАТУМ

јули 18, 2017

Категории

Во тек е реализација на проектот ‘’Реконструкција на дел од пристапен пат до рекреативен центар ‘’Теферич’’ – Фаза 2. Средствата се обезбедени од страна на Биро за регионален развој (БРР)/Министерство за локална самоуправа (МЛС) согласно програмата за регионален развој за 2017 година. Носител на проектот е Центарот за развој на Скопски плански регион, а партнери се општините: Кисела Вода, Сопиште, Град Скопје.
Средствата за реализација на овој проект се во висина од 5.539.797,00 ден, каде што Општина Кисела Вода од својот буџет кофинансира 1 091 340,00 ден.
На овој потег ќе биде поставен нов асфалт,  ќе се изработат тротоари  кои ќе бидат поплочени со бехатон плочи, ќе се прошири патот, а предвидено е и осветлување на истиот во должина од 500м. Овој пат е од голема важност за општините Кисела вода и Сопиште, бидејќи им овозможува на жителите на овие општини подобра врска со централнот градско подрачје,а исто  така и за останатите жители од Скопскиот регион, на кои со подобрената инфраструктура, ќе им се овозможи уште едно место за излет и рекреација.
Изведувач на работите на патот е Фабрика Карпош АД Скопје.
Центарот за развој на Скопски плански регион како носители на проектот “Реконструкцијата на пристапниот пат кон рекреативниот центар Теферич “преку Министерство за локална самоуправа (МЛС) т.е. Бирото за регионален развој (БРР) за двете фази со вкупна должина од 1000 м, т.е 1км  вкупно има обезбедено средства во висина од 11.000.000,00 денари.
[foogallery id=”4573″]

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy