На ден 22.04.2016 година со почеток во 11 часот во просториите на Скопски саем, Дипломатик сала се одржа работилница на тема: Подготовка на регионални стратегии за иновации во планските региони.
Целта на оваа работилница е Скопскиот регион да добие една регионална стратегија за иновации. Регионалните стратегии за иновации се подготвуваат и имплементираат со вклучување на претставниците од приватниот сектор (стопански комори, кластери, бизнис асоцијации итн.) истражувачки и образовни институции, како и граѓанскиот сектор. Министерството за локална самоуправа, одговорно за регионалната развојна политика во соработка со Германското друштиво за меѓународна соработка, ГИЗ/ ЛЕИВВ, резултираше со проектот „Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија“ во чии рамки е планирана и Изработка на Регионална стратегија за иновации во Скопскиот плански регион.
Исто така на ова работилница беа проследени излагања и презентации од страна на наши врвни менаџери и експерти каде што се развија дискусии, плодни идеи и размена на искуства.
[foogallery id=”4995″]
No comment yet, add your voice below!