На ден 16.12.2015 година, на Скопскиот саем се одржа „Форум за личен развој“, во организација на Бизнис центарот на Скопскиот плански регион, Општина Аеродром и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.
На програмата можеа да се проследат три презентации од двајца реномирани експерти за личен развој, и тоа од Џад Долфин и Катерина Ангеловска.
Американскиот експерт за организациски развој, Џад Долфин, вниманието на присутните го насочи кон тоа како правилно да го менаџираат своето време, како и „мапирање“ на мозокот, кое е всушност алатка со која можат да се зголемат сопствените способности за решавање на проблемите, а со тоа да се движиме напред.
Катерина Ангеловска, сертифициран тренер за принципи за успех по методот на Џек Кенфилд, чијашто визија е „успех без граници“, истакна дека луѓето треба да се трудат да бидат најдобра верзија од себе, да ја пронајдат големината и моќта во себе, како и да живеат живот во хармонија со љубов и радост.
„Сѐ што ни се случува во животот е судбина која ние самите ја креираме и сѐ е онака како што треба да биде. Успехот не значи што имаш, успехот значи како се чувствуваш, како се чувствуваш сега и овде и дека со копнежот по одредена мисија, тоа ќе го постигнеме“, посочи таа.
Со презентациите се тежнееше кон тоа на присутните да им се зголеми самодовербата и вербата во сопствениот внатрешен глас, полесно да се соочат со секојдневните предизвици и да ги препознаат и реализираат своите амбиции, цели, соништа.
[foogallery id=”5029″]
No comment yet, add your voice below!