Skip to content

X Седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион

ДАТУМ

октомври 9, 2015

Категории

На ден 05.10.2015 година се одржа X (десетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион во просториите на хотел „Камник“.
На Седницата  присуствуваа Г-дин Воутер Пломп ,Холандскиот амбасадор во Република Македонија, Г-дин Стево Темелковски, Заменик Министер,во Министерството за животна средина и просторно планирање, дел од градоначалниците од Локалната самоуправа, Делегација од Кралство Холандија, Г-ѓа Ана Каранфилова-Мазневска, МЖСПП; Г-ѓа Билјана Цветановска-Гугоска, Државен секретар во Министерството за локална самоуправа, како и Г-дин Горан Ангелов, Директор на депонија Дрисла.
На Седницата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Скопски плански регион и регионот „Gooi en Vechtstreek“, Кралство Холандија. Цел на соработката е да се поттикат активностите за зацврстување на меѓусебната соработка при остварување на локалната самоуправа со посебен акцент на регионаниот развој.
Меморандумот беше потпишан од страна на Г-дин Сокол Митровски, Претседат на Советот за развој на Скопски плански регион и Г-ин Фонс Хертог – Градоначалник на градот Хуиз и под-преседател на Gooi en Vechtstreek регионот и член на Генералното Собрание.
[foogallery id=”5105″]

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy