Skip to content

„Маркетинг, брендирање, иновации – Холандски програми за поддршка на МСП во Македонија – УСАИД и ЕБОР поддршка за МСП“

ДАТУМ

јуни 5, 2015

Категории

На ден 3 јуни 2015 во Скопје беше одржан шестиот советодавен настан за МСП, во организација на Бизнис Центарот ан Скопски Регион. Темата на овој настан беше  Маркетинг, брендирање, иновации – Холански програми за поддршка на МСП во Македонија – УСАИД и ЕБОР поддршка за МСП.
И овој настан како и претходните пет беше во насока на развивање поволни услови за работа на бизнис секторот во општините, зголемување на инвестициите и новите вработувања, ефикасност на администрацијата, соодветна инфраструктура и партнерство со индустријата како клучни за подобрување на деловно опкружување.
На настанот пред компаниите се обрати Розалија Карчицка Василевска, проектен Координатор на Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион како и г. Митко Алексов, извршен директор на ССК.
Голем дел од присутните преку прашања искажаа интерес за презентација на Холандските програми за поддршка на МСП во Македонија како и  кредитните линии за енергетска ефикасност на ЕБОР WEB Seff 2  како и УСАИД финансиската поддршка за иновации во МСП.
Од посебен интерес беше и посебна сесија од едукативен дел за вработените во МСП за маркетинг и брендирање,  презентиран од проф. Д-р. Илијана Петровска од Американ Колеџ:

  • Како да се создаде вредност за потенцијалниот потрошувач, преку градење препознатлив бренд и преку градење на позитивна и долгорочна профитабилна релација со потрошувачите;
  • Маркетинг комуникацијата во современото опкружување треба да биде уникатна,  диференцирана и релевантна за целната група;

Од присутните 57 компании, беа поставени огромен број на прашања до презентерите , во делот на актуелните и расположливи кредитни линии, посебните поволности и грантови на линиите за енегетска ефикасност, делот на маркетингот и комуникацијата.
[foogallery id=”5163″]

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy