На ден 30 Септември, 2014 со почеток во 11,00 ч., Советот за развој на Скопски плански регион ја одржува својата VI-та редовна седница. Покрај Градоначалниците од Скопскиот плански регион, свое учество земаат и претставници на Државниот совет за превенција на детско престапништво, кој е самостоен и независен орган при Собранието на Република Македонија, со надлежности согласно Законот за правда за децата. Во таа насока, една од точките на седницата е поврзана со директно запознавање со состојбите со детското престапништво како и остварувањето на детските права во РМ, формирањето на Локалните совети и договор за идни активности согласно Националната стратегија за превенција од детско престапништво.
Меѓу останатите точки од дневниот ред е и утврдување на процесот на подготовка на Програмата за развој на Скопски плански регион за период од 2015 – 2019 година како и дефинирање на приоритетните области за развој на регионот.
Една од бидните точки на седницата е и проширување на функциите на Центарот за развој на Скопски плански регион и реализација на проект во насока на спроведување на активности за поддршка на приватниот сектор.
Седницата ќе се одржи на 30.09.2014 со почеток во 11,00ч во х. Континентал.
No comment yet, add your voice below!