Skip to content

Работилница за Стратешко планирање на Центарот за развој на Скопски плански регион

ДАТУМ

февруари 21, 2013

Категории

На ден 22,23.05.2013 год (среда и четврток ) во хотел Континетал се одржа работилница за Стратешко планирање на Центарот за развој на Скопски плански регион, организирана од страна на ГИЗ РЕД и Центарот за развој на Скопскиот плански регион.
Работилницата беше официјално отворена од страна на г-дин Хамси Бехлули, преставник на ГИЗ РЕД, координатор за Скопскиот регион. Преглед на надлежностите на Центарот за развој на Скопски плански регион ги презентираше г-ѓа  Анета Лозаноска Раввлинсон, директор на Центарот.На работилницта учество земаа претставници од ЛЕР секторот од сите општини во Скопскиот плански регион,преставник од МЛС – сектор за Регионален развој, од Градот Скопје и од Навладини организации. Целта на работилницата беше да се изработи нов Стратешки план на Центарот за развој на Скопски плански регион.
Модератор на работилницата беше г-ѓа Јасмина Трајковски. На работилницата се разгледуваше  SWOT анализата,постојаната состојба (каде сме), а каде сакаме да бидеме (планирање и иднина). Се дискутираше за стратешките приоритет и стратешките цели.Се разгледуваше подготвувањето на проекти (видови на проекти, фаза на подготвување, остварливост и буџетирање на проектите) .

      

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy