На ден 27.05.2013год (понеделник) во просториите на Скопски саем , Дипломатик сала се одржа средба за размена на искуства од областа на организација и управување со отпад и меѓуопштинската соработка со цел зајакнување на регионалната структура за управување со отпад.Средбата ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион.
На средбата освен Градоначалниците и директорите на јавните комунални претпријатија од Скопскиот плански регион, присуствуваа и гости од локалната самоуправа на Холандија, замениците градоначалници, директорот на регионалното комунално претпријатие ГАД и директорот за развој на иновации во ГАД.
Средбата ја отворија претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион г-дина Сокол Митровски и г-ѓа Ана Каранфиловска Мазневска од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-ѓа Анета Л. Раввлинсон ја презентираше Националната и регионалната структура, создавање на меѓуопштинска мрежа и управување со отпад во Скопски плански регион, а г-ѓа Ана Каранфиловска Мазневска ја презентираше законската обврска за регионалното управување со отпад.Потоа директорот на регионалното комунално претпријатие ГАД ја презентираше сегашната состојба со управување на отпад во Холандија и кажа како било преходно.
На крај се разменија искуствата помеѓу преставниците од холандскиот регион ГАД и преставниците од Скопскиот регион.
No comment yet, add your voice below!