На ден 05.12.2012год во 10:00 часот се одржа XIX седница на Советот за развој на Скопски плански регион во х. Континентал. Со седницата раководеше Претседателот на Советот на Скопски плански регион г-дин Сокол Митровски. На седницата присуствуваа г-дин Горан Ангелов, Директор во ЈП Дрисла, г-дин Игор Трајковски, Директор на Управата за животна средина, г-ѓа м-р Ана Каранфилова Мазневска, Раководител на сектор за управување со отпад, како и г-ѓа Даринка Јантинска, Заменик раководител на секторот за соработка и проектна координација од Министерство за животна средина и просторно планирање.
На одржаната Седница, претставникот од Министерство за животна средина г-ѓа м-р Ана Каранфиловска Мазневска ги презентираше новите измени во Законот за управување со оптпад на регионално ниво, односно сето она кое се донесува на Регионалното управување со отпад и кои се законските обврски на општините и Градот Скопје согласно законската регулатива. На состанокот беше потенцирано дека на една од претходните седници беше донесена одлука од страна на градоначалниците на Скопскиот пласнки регион за спрогласување на ЈП Дрисла за регионална депонија на Скопскиот плански регион.
Раководителот на ЦРСПР г-ѓа Анета Лозаноска Раввлисон го презентираше проектот SECOVIA (Заеднички развој на напредни виртуелни решенија за поголема пристапност на јавните услуги во Југоисточна Европа) кој е грантовски поддржан од страна на ЕУ и ИПА фондот на Р.М., и воедно нагласи дека Центарот за развој на Скопскиот плански регион во партнерство со претстаници од уште 10 држави од ЕУ ќе го имеплемнтира проектот во наредните 2 години.
На одржаната седница седница беше усвоена листата на предлог приоритетни проекти со кои ЦРСПР ќе аплицира во Програмата за 2013год од МЛС/Биро за регионален развој, и воедно беше усвоен Финансискиот план за 2013 година на Центарот за развој на Скопски плански регион.
Управување со отпад на регионално ниво и Фининсиски план за 2013 главни точки на 19 седница на скопскиот плански регион
ДРИСЛА ПРЕРАСНУВА ВО РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА
No comment yet, add your voice below!