На ден 04.12.2012 год (среда) во просториите на Скопски саем се одржа обука за Стратешко планирање на локално ниво, организирана од страна на Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Скопскиот плански регион.
Обуката беше официјално отворена од страна на г-дин Сашо Лазаровски, Заменик Министер за локална самоуправа кој воедно нагласи дека ваков тип на обука ќе се одржи во сите 8 плански региони, а почнуваат со Скопскиот плански регион.На обуката учество земаа претставници од ЛЕР секторот од сите општини во Скопскиот плански регион.
Предавачи на обуката беа г-ѓа Љиљана Костич, г-ин Зоран Милков, г-ин Сали Сали и г-ѓа Јагода Србиновска од Влада на Република Македонија, Генерален секретаријат одел Сектор за стратегија, планирање и следење. На обуката се анализираше постојаната состојба (каде сме), а каде сакаме да бидеме (планирање и иднина). Се дискутираше за стратешките приоритет и Стратешките цели, потоа се разгледуваше подготвувањето на проекти (видови на проекти, фаза на подготвување, остварливост и буџетирање на проектите).
No comment yet, add your voice below!