Skip to content

Покана за јавен форум

ДАТУМ

април 24, 2012

Категории

Почитувани,
Ве информираме дека Ценатрот за развој на Скопски плански регион во соработка и партнерство со Развојната Агецнија Козјанско, Р. Словенија организира јавен форум на ден 24.04.2012 со почеток во 12,30 часот (Дипломатик сала, Скопски саем) на тема „Развој на туризмот во Скопскиот плански регион“.
Земајќи во предвид дека процесот на изработката на Стратегијата за развој на туризмот во Скопски плански регион е во тек, на настанот ќе бидат презентирани резултатите од изработената SWOT анализа. Исто така, на настанот ќе присуствува и експерт од Р. Словенија кој ќе ги презентира моделите на регионалната дестинациска организација со праксата од ЕУ.
Со таа цел, покануваме претставник од Вашата институција кој ќе земе учество на предвидениот настан и ќе даде значаен придонес во процесот на изработката на Стратегијата за туризам која е од регионално значење.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy