Во периодот октомври, 2011 година-јануари, 2012 година. Проектот е финансиран од страна на Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој. Проектот се реализира на ниво на Скопски плански регион, а партнер на проектот е Град Скопје. Проектните активности опфаќаат:
- Изработка на Студија за мапирање на културно-историското наследство, која опфаќа: евидентирање на сите културно-историски објекти и природни ресурси кои се лоцирани во Скопскиот плански регион, а со тоа и формирање на база на податоци за ерификација на истите.
- Изработка на Брошури за промоција на природното и културно-историското наследство
- Изработка на Мапа на регионот со обележани знаменитости
- Електронска веб презентација на природното и културно-историското наследство во Скопскиот плански регион
No comment yet, add your voice below!