Завршен проектот ,,Изградба на пешачка патека во с. Петровец, траса по пат Р1102“

Центарот за развој на Скопски плански регион успешно реализира уште еден проект ,,Изградба на пешачка патека во с.Петровец, траса по пат Р1102 во Општина Петровец во партнерство на општините Гази Баба и Илинден.
Со изработката на овој проект се овозможува подобрување на транспортот и развој на транспортната и комуникациската инфрструктура и подобрување на мобилноста.
Поголемата поврзаност помеѓу населените места од Општина Петровец, Општина Илинден и Општина Гази Баба, и безбедна и проточна патна траса на дел од пат Р1102 претставува значајно подобрување на кавалитетот на животот на жителите од сите три општини.
Средствата за проектот се обезбедени од страна на Биро за регионален развој/Министерство за локална самоуправа и се во вредност од 6.358.052,00 денари.
[foogallery id=”7973″]

The project "Construction of a pedestrian path in the village. Petrovec, route along the road R1102" is completed

The Center for Development of the Skopje Planning Region successfully implements another project, “Construction of a pedestrian path in the village of Petrovec, route R1102 in the Municipality of Petrovec in partnership with the municipalities of Gazi Baba and Ilinden.
The development of this project enables the improvement of transport and development of transport and communication infrastructure and improvement of mobility.
The greater connection between the settlements of the Municipality of Petrovec, the Municipality of Ilinden and the Municipality of Gazi Baba, and the safe and flowing road route on part of the road R1102 is a significant improvement in the quality of life of the inhabitants of all three municipalities.
The funds for the project are provided by the Bureau for Regional Development / Ministry of Local Self-Government and are worth 6,358,052.00 denars.
[foogallery id=”7973″]

Презентација на резултати од вториот циклус на регионални форуми во заедницата – социјална инклузија

На 28.12.2020 , Центарот за развој на Скопски плански регион , ја одржа последната 4-та форумска сесија на која претставниците на општините, невладините и граѓански асоцијаци и здруженија учествуваа на презентацијата и дискусијата за резултатите од спроведување на втор циклус Регионални Форуми, чиј фокус беше „Социјална инклузија“.
Спроведувањето на Регионалните форуми овозможи партиципативно  учество на граѓаните во одредување на приоритети во Скопскиот плански регион, како и создавање на платформа за структуирани дискусии и предлози. Истите допринесоа и до унапредување на капацитетите и создавање на локални и регионални партнерства, а сѐ со цел за подобрување на животот на луѓето во заедницата.
На сесијата модераторот, Жаклина Цветковска, ги презентираше активностите кои беа превземени за време на форумскиот процес, целите на програмата „Регионалните форуми во заедницата“, како и резултатите од идентификацијата и изборот на предлог проектите кои произлегоа од форумскиот процес.
г-ѓа Розета Арсовска, Координаторот на проектот, при Центарот за развој на Скопски плански регион (ЦРСПР), ги информираше учесниците за напорите кои ги прави Центрот на СПР за обезбедување на можности преку други донатори и/ или програми да се овозможи реализација на  избраните проекти, бидејќи ниту еден предлог-проект не доби поддршка за рализација во рамките на проектот “Регионални форуми на заедницата“.
Како пример, г-от Брнимир Јовановски, претставник на Национален Совет на лица со телесен инвалидитет, посочи дека со помош на ЦРСПР нивниот предлог-проект „Реконструкција на одмаралиште за лица со попреченост во Охрид “  аплицираше преку Центарот за развој на Југозападен регион, а г-ѓа Катерина Киева, претставник од општината Гази Баба извести дека нивниот предлог-проект „Изградба на дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во Скопски плански регион“ – аплицираше преку Центарот за развој на Скопски плански регион, за финансиски средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој (МЛС/БРР).
Регионалните форуми во заедницата се спроведуваат со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамките на проектот„Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2017-2020“.
[foogallery id=”7946″]

Галерија

Покана

Почитувани,
Центарот за развој на Скопскиот плански регион Ве поканува на четвртата (последователна) сесија од програмата „ Регионални форуми во заедницата“ , што се организира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, со поддршка на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка .
Четвртата форумска сесија ќе се одржи на 28 декември (понеделник) 2020 година, на ЗУМ платформата, со почеток во 11,00 часот.
На оваа форумска сесија ќе бидат презентирани резултатите од спроведениот форумски процес во периодот јануари-март 2020 година, на кој учесниците идентификуваа и детектираа приоритетни проекти од областа на социјалната инклузија од кои најмалку еден проект требаше да биде реализиран од предвидениот проектен фонд. На сесијата ќе биде дадено образложение за предизвиците со кои се соочи Центарот за развој на Скопскиот плански регион.
Регионалниот форум во заедницата е програма која има за цел вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки и зголемување на транспарентноста и одговорноста на општините и регионот.
Линк до настанот
Join Zoom Meeting
https://us05web.zoom.us/j/84027642283?pwd=cWFpODJpYjV1T0JTT0dwcEZoY1NKQT09
Meeting ID: 840 2764 2283
Passcode: M9ktL8
Continue reading

Одржана XXI (двaесет и прватта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

Денес на платформата ZOOM, онлајн се одржа XXI (двaесет и прватта) седница  на Советот за развој на Скопски плански регион.
Согласно дневниот ред, беа разгледани и усвоени следниве точки :

  1. Усвојување на Дневен ред на Седницата.
  2. Усвојување на записник од XX (дваесетта) Седница на Совет за развој на Скопски плански регион.
  3. Усвојување на Финансиски план за 2021 година на Центар за развој на Скопски плански регион
  4. Усвојување на Планот за јавни набавки за 2021 година на Центар за развој на Скопски плански регион.
  5. Одлука за благајнички максимум
  6. Претходно позитивно мислење од Советот за развој на СПР за донесување на Правилник за систематизација на работните места во Центар за развој на Скопски плански региона (пречистен текст со измена и дополна)
  7. Одлука за преотстапување на ,,Транспортно возило-камион за миење на улиците во Општина Студеничани”
  8. Одлука за преотстапување на објект ,,Изградба на пешачка патека во с.Петровец, траса по пат Р-1102”.

На седницата беа поканети и учествуваа градоначалниците од Скопскиот регион.
[foogallery id=”7918″]

Вовед во работа за проектот „Изградба на пешачка патека од пругата на с.Орешани и с.Таор до граница со с.Ржаничино, Општина Петровец – Општина Зелениково“

Денес Раководителот на Центар за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски, заедно со градоначалникот на Општина Зелениково Г-дин Борче Гиевски и останатите засегнати страни одржаа состанок на терен односно Вовед во работа за проектот “Изградба на пешачка патека од пругата на с.Орешани и с.Таор до граница со с.Ржаничино, Општина Петровец – Општина Зелениково”. Проектот е одобрен и финансиран од страна на Биро за раегионален развој/Министерство за локална самоуправа преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година.
[foogallery id=”7901″]

Уште еден успешно завршен проект на Центарот за развој на Скопски плански регион

Центарот за развој на Скопски плански регион успешно го  реализира проектот – набавка “Транспортно средство – камион за миење на улиците на Општина Студеничани”. На ден 14.12.2020 Раководителот на ЦРСПР, г-дин Љупчо Кец Мицковски, официјално го предаде транспортното возило на  Градоначалникот на Општина Студеничани г-дин Азем Садики.
Со транспортното возило – камион ќе се одржува хигиената на јавните површини во Општина Студеничани и ќе им  се овозможи на населението безбедно да се движат во локалниот сообраќај во разни временски неприлики.
Проектот набавка на “Транспортно возило- камион за миење на улиците на Општина Студеничани, се реализираше со финансиски средства од Бирото за регионален развој на Р. С. Македонија и Министерството за локална самоуправа на Р. С. Македонија, во вредност од 4.366.500 денари.
[foogallery id=”7855″]

Одржана ХХ (дваесеттата) Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.

На ден 14.12.2020 година со почеток во 12ч. се одржа ХХ (дваесеттата) онлајн Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.
Седницата се одвиваше согласно дневниот ред:

  1. Усвојување на Дневен ред на Седницата.
  2. Усвојување на записник од XIX (деветнаесетта) Седница на Совет за развој на Скопски плански регион.
  3. Предлог – Одлука за утврдување на приоритетна листа на проекти за аплицирање до МЛС/Биро за регионален развој
  4. Информација за странска инвестиција во врска со склучен Меморандум за соработка помеѓу ЦРСПР и МАТТО.
  5. Предлог – Одлука за носење на внатрешни документи, процедури и политики
    1. Кодекс на етика
    2. Политика за спречување перење пари и финансирање на тероризам
    3. Политика за нула толеранција за измама
    4. Политика за еднакви можности
    5. Политика за спречување на корупција и судир на интереси
    6. Политика за животна средина и социјални аспекти
    7. Процедура за спроведување на јавни набавки
  1. Информација за Програмата за развој на Скопски плански регион 2020/2024.
  2. Одлука за преотстапување на објект:,,Спорт за сите, здравје за сите!-Изградба на иновативно мултифункционално игралиште во Општина Сарај, с.Кодново”
  3. Разно.

На седницата присуствуваа градоначалниците од Скопскиот регион, г-дин Шахпас Молалиев, МАТТО и претставник од компанијата УЛКЕР ОКЕАН, г-дин Дарко Трајковски.
[foogallery id=”7876″]